Политички партии

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со Ковид-19 и затворањето на Еуростандард банка

Скопје, 13 август 2020

Македонија со Заев тоне секој ден во секој поглед, над 12.000 заразени и пропадната банка

Македонија тоне со Зоран Заев секој ден во секој поглед. Бројот на заразени од корона надмина 12 илјади лица, 6 пати повеќе од прогнозите на Филипче. Но неспособната власт на Заев покажа дека не само што не умеат да се справат со здравствениот аспект од корона кризата, туку не умеат да се справат ниту со економската криза. Македонија е единствена земја во регионот во која пропаѓа банка исто како што сме единствени на врвот по заразени и починати на еден милион жители. Ова е директен удар и врз банкарскиот сектор, стопанството, стандардот на граѓаните и економскиот систем во целина.

Сега после изборите народот ја гледа сметката од неспособното владеење на Заев. Сега граѓаните плаќаат 7,5% повисоки сметки за струја, сега пропаѓа банка, сега цената за откуп на грозје е катастрофална, сега излезе на виделина дека долгот пораснал за 1 милијарда евра за три месеци. Сега Македонија е меѓународна опасност за ширење на корона вирусот, сега се кажува дека немаат конечен план како ќе се спроведува образовниот процес и редица други неуспеси кои ги донесе власта на Заев.

Македонија со Заев продолжува да пропаѓа и тоа мора да престане.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close