Политички партии

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за најновиот биланс на заразани и починати од Ковид-19

Филипче и Заев неспособно менаџираа со кризата и придонесоа да ни се случи втор пик уште во јуни. 

Скопје, 20 јуни 2020

За кланицата од 11 мртви и 185 заразени се виновни Венко Филипче и Зоран Заев.

Филипче и Заев неспособно менаџираа со кризата и придонесоа да ни се случи втор пик уште во јуни.

Заев и Филипче не можат да се справат со уште еден пик на коронавирус кој би се случил наесен.

Македонија со СДСМ само тоне.

СДСМ ќе ја задолжи државата за над 1 милијарда евра, само поради лошиот начин на менаџирање со коронавирусот.

Поради Заев и Филипче болниците се преполни, во услови кога цел регион нема корона и по неколку недели.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close