Политички партии

Соопштение на СДСМ за политиките на ВМРО ДПМНЕ

На 15 јули граѓаните се исправени пред јасен избор, со власт предводена од СДСМ и коалицијата сегашноста е стабилна, а иднината е во сигурни раце, додека ВМРО-ДПМНЕ нема ништо друго што да им понуди на граѓаните освен враќање во мрачното режимско минато.

Скопје, 23 јуни 2020
На 15 јули граѓаните се исправени пред јасен избор, со власт предводена од СДСМ и коалицијата сегашноста е стабилна, а иднината е во сигурни раце, додека ВМРО-ДПМНЕ нема ништо друго што да им понуди на граѓаните освен враќање во мрачното режимско минато.
СДСМ е партијата која за овие 2 и пол години предводеше одговорна власт која храбро носеше државнички одлуки и како резултат на таквите одговорни политики денеска нашата земја Република Северна Македонија е членка на НАТО сојузот, а ќе започне преговори и за членство во Европската Унија. 
Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е најнеодговорната опозиција во историјата на нашата земја која нема став за важните стратешки прашања од интерес на државата и граѓаните и која лобираше Северна Македонија да не добие датум за преговори со ЕУ. 
Антидржавното однесување на ВМРО-ДПМНЕ е нивно главно обележје кое добива на интензитет со наближувањето на изборите. Доказ за тоа е предвременото започнување на кампања од страна на ВМРО-ДПМНЕ, чии носители, кандидати за пратеници, активисти изминатиот викенд делеа пропаганден  предизборен материјал што е спротивно на законите, за што ќе добијат соодветни пријави. 
Додека сите капацитети на државата се во одбрана од пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски се за свесно кршење на мерките и протоколите и партиско профитерство на штета на граѓаните и колективното здравје.
Јасно е кој работи во интерес на граѓаните и ја води државата напред, а кој е кочничар на прогресот и закана за враќање на режимот.
Затоа, на 15 јули на фер, слободни, демократски и безбедни по здравјето избори граѓаните ќе изберат сигурна и економски стабилна иднина со СДСМ и коалицијата „Можеме“ и нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски да ги вратат во мрачното режимско минато.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close