0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

Соопштение на СДСМ за непочитување на мерките за Ковид-19 од страна на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски свесно го загрозуваат здравјето на граѓаните и лицемерно глумат загриженост

Скопје, 23 јуни 2020

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски свесно го загрозуваат здравјето на граѓаните и лицемерно глумат загриженост

 Додека СДСМ прави се за заштита на здравјето на сите граѓани и додека здравствениот систем и здравствените работници се на првата борбена линија со коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно и намерно ги кршат сите протоколи и мерки за заштита од вирусот  и го доведуваат во опасност здравјето на граѓаните.

За ВМРО-ДПМНЕ не се важни законите, не се важни мерките и забраните. Спротивно на сите правила и прописи, започнаа предвремена кампања со јавни собири на кои директно го загрозија здравјето на граѓаните.
Не држеа дистанца, не носеа заштитни маски, се групираа и покрај тоа што се докажа дека таквите собири се опасни за ширење на вирусот.
Тоа што го видовме на партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче, кога и самиот Мицкоски учествуваше во масовен собир каде што имаше и физички поздравувања и не се држеше дистанца е уште еден показател за лажната грижа на Мицкоски за здравјето на граѓаните.
Тој не се грижи ниту за здравјето на граѓаните, ниту за иднината на државата.
Тој се грижи само за себе и своите привилегии.
Затоа оди по теретани кога тоа е забрането, организира јавни собири на кои го загрозува здравјето на граѓаните, седи во делови на ресторани кадешто не смее.
Ништо подобар не е ниту техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, кој со своето неработење и со изјавата дека нема да казнува поттикна масовно прекршување на мерките и забраните, со што и наштети на државната стратегија за справување со коронавирусот.
Тоа се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Напладне глумат загриженост за јавното здравје, а попладне истото го загрозуваат со кршење на мерките и забраните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close