0_Македонија.ПорталГраѓански секторПолитички партии

Соопштение на СДСМ за нападот врз активистот Асани

Го осудуваме нападот врз активистот Асани, насилството е недозволиво, институциите да ги пронајдат и казнат напаѓачите

Скопје, 5 август 2020

Го осудуваме нападот врз активистот Асани, насилството е недозволиво, институциите да ги пронајдат и казнат напаѓачите

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, остро го осудува физичкиот напад врз граѓанскиот активист Беким Асани.

Во демократска држава, членка на НАТО, каква што е Република Северна Македонија недозволиво е какво било насилство врз кој било поеднинец.

Апелираме надлежните институции веднаш да постапат, да ги пронајдат и соодветно да ги казнат напаѓачите, за вакви слуачи да не се повторуваат во иднина.

Концептот Едно општество за сите, значи и почитување на различностите, значи и еднаква грижа и заштита на правата на сите граѓани. Како одговорна партија СДСМ останува посветена на заштита и унапредување на гарантираните права и слободи на сите поедници во државата.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close