Политички партии

Соопштение на СДСМ за изградбата на браната Конско

СДСМ како одговорна партија на власт пред 2 години ја започна изградбата на браната Конско, највреден капитален проект којшто се гради во гевгелиско-валандовскиот регион во изминатите 50 години.

Скопје, 21 јуни 2020

СДСМ како одговорна партија на власт пред 2 години ја започна изградбата на браната Конско, највреден капитален проект којшто се гради во гевгелиско-валандовскиот регион во изминатите 50 години.

Нови 8.000 хектари земјоделска површина ќе бидат наводнувани од оваа брана штом се финализира изградбата.

Земјоделците од овој крај ќе добијат навремено и ефикасно снабдување со вода во текот на производствената сезона со што ќе се намалат нивните производствени трошоци, а нашата земја ќе добие зголемување на производството и на конкурентноста на земјоделски производи од овој крај.

Браната Конско ќе обезбеди мултифункционост, за  редовно снабдување со вода за пиење, за наводнување на земјоделските површини, за производство на електрична енергија, за редовен дотур на вода во Дојранското езеро и за забогатување на локалната туристичка понуда.

Градиме крупни капитални проекти за да ни се развиваат селата и градовите, државата да оди напред и да оставиме вредни и заначајни капитални проекти со долгорочни економски придобивки за сегашните и идните генерации.

Затоа е важно на 15 јули на изборите кои ќе бидат 100% здравствено безбедни граѓаните да ја дадат својата поддршка на СДСМ и колацијата Можеме за уште подобро и уште повеќе да се гради и развива нашата земја.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close