Политички партии

Соопштение на Македонски концепт за новата владина коалиција

Извесно е дека, за неколку денови ќе ја добиеме старо - новата Влада, од коалицијата на СДСМ и ДУИ! Чуму беа предвремени избори, ако ја имаме истата Влада?!? Каде се тешките зборови на СДСМ за ДУИ, а особено оние на ДУИ за СДСМ? Каде се предизборните ветувања? Нели СДСМ тврдеше, дека ДУИ се криминалци и треба да одговараат? Дали сега ги амнестираа или се договорија да одговараат, самите пред себе? Завршија изборите и заборавивме на се?

Скопје, 20 август 2020

Извесно е дека, за неколку денови ќе ја добиеме старо – новата Влада, од коалицијата на СДСМ и ДУИ! Чуму беа предвремени избори, ако ја имаме истата Влада?!? Каде се тешките зборови на СДСМ за ДУИ, а особено оние на ДУИ за СДСМ? Каде се предизборните ветувања? Нели СДСМ тврдеше, дека ДУИ се криминалци и треба да одговараат? Дали сега ги амнестираа или се договорија да одговараат, самите пред себе? Завршија изборите и заборавивме на се?

Како ќе се оправда народниот револт против нивното претходно владеење… афери… лоши решенија… кога повторно им беше премолчено нивното “распределување на гласови”, кој колку ќе си посака?!? Како ќе го објасни привременото раководство на ВМРО ДПМНЕ, нивното соучесништво во “изборното распределување на гласови”?

Македонија останува да функционира во перманентна политичка криза. Оваа Влада ќе биде исто толку нестабилна, како досегашната, а опозицијата влегува во длабока криза на поделби и раслојувања, како резултат на неспроведените реформи пред три години. Добиваме Влада на криво насадена и расформирање на опозиција. Сето тоа е резултат на лошиот изборен законик, во кој итно треба да се менуваат најмалку две работи, за да излеземе од оваа неподносливо долга политика криза. Тоа е изборниот модел и еднаквата стартна позиција за настап на избори за сите партии, без разлика мали или големи.

Власта глуми дека тоа го поддржува, опозицијата јавно е против, зашто е слепа и неспособна да разбере дека тоа, токму на неа и одговара.

Време е да потрошиме внимание и енергија, да ставиме крај на оваа политичка криза! Време е за реорганизација на опозицијата! Време е за укинување на контролираната демократија и воспоставување на вистинска власт на народот!

Македонски концепт

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close