Парламентарни избори 2020Политички партии

Соопштение на ДУИ за петицијата на иницијативата „Јас верувам“

Петицијата на иницијативата "ЈАС ВЕРУВАМ" за изборот на првиот Премиер Албанец во Северна Македонија добива широка поддршка од Албанските но и другите гласачи.

Скопје, 25 јуни 2020

Петицијата на иницијативата „ЈАС ВЕРУВАМ” за изборот на првиот Премиер Албанец во Северна Македонија добива широка поддршка од Албанските но и другите гласачи.

За само 24 часа петицијата е потпишана од повеќе од 5.000 лица кои силно ја поддржуваат иницијативата за избор на Првиот  Премиер Албанец во Северна Македонија.

На  www.kryeministrishqiptar.mk граѓаните продолжуваат силно да ја дадат нивната поддршка за првиот Премиер Албанец во Македонија под мотото ЈАС ВЕРУВАМ!

На последните анкети објавени денес, повеќе од 72,5% од  граѓаните ја поддржуваат идејата за Првиот Премиер Албанец.

ДУИ

__________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close