0_Македонија.ПорталПолитички партии

Соопштение на Демократски сојуз за здравствениот систем

Демократски сојуз смета дека со почитување на здравствените мерки и препораки треба полека да се нормализира животот во целина.

Скопје, 10 август 2020

Демократски сојуз смета дека со почитување на здравствените мерки и препораки треба полека да се нормализира животот во целина.

Прво, треба здравствениот систем да започне со работа со сите капацитети, за граѓаните да можат да добиваат здравствена заштита во сите јавни здравствени установи, посебно во врвните установи.

Второ, да се подготви образовниот систем за да може наставата за учениците и студентите да се одвива во специфични здравствени услови и со највисоки стандарди за заштита на учениците, студентите и професорите.

Трето, надлежните државни институции да ги зголемат кадровските потенцијали и остваруваат целосна контрола за спроведување на здравствените мерки.

Апелираме и до сите компании и граѓани да ги почитуваат здравствените мерки и препораки, со што во голема мерка ќе придонесат за спречување на ширење на Корона вирусот, Ковид 19.

Демократски сојуз

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close