Политички партии

Соопштение на Алијанса за Албанците за новиот закон за административците

ДУИ ги злоупотребува административците како „жив штит“ за политички интереси! Речиси две децении на власт, а на ДУИ дури сега само пред изборите и текна да се фали со новиот закон за административците?!

Скопје, 2 јуни 2020

ДУИ ги злоупотребува административците како „жив штит“ за политички интереси!

Речиси две децении на власт, а на ДУИ дури сега само пред изборите и текна да се фали со новиот закон за административците?!

Ја потсетуваме владејачката партија дека многу студии од невладини организации зборуваат за централизирана администрација што им служи на владејачките партии за заштита на партиските интереси. Партија како вас, која прави се за да ужива во власта со злоупотреба на работната сила што за вас се преведува само како глас и ништо друго!

Имаме преоптоварена администрација во која има луѓе кои со години немаат ниту едно напредување во кариерата, а во истата администрација има и други луѓе кои напредуваат за половина година со помош на партијата. Сè уште се соочуваме со етничка дискриминација затоа што за жал немаме ниту соодветна застапеност!

Граѓаните се презаситени од вашите предизборни приказни, на кои вие само им ги менувате насловите.

Наместо да се пофали, ДУИ треба да се срами што по сите овие години на власт, денес пред изборите, излегува и зборува за правата што вработените во овој сектор би требало одамна да ги имаат.

Оваа одлука е во продолжение на политичките одлуки од изборен интерес и историјата докажа дека ДУИ не е во состојба да направи реформи и да ги спроведува законите што се појавуваат само на хартија. Со ДУИ на власт, овој закон ќе продолжи да ја доживува истата судбина.

На нашата администрација и се потребни радикални реформи кои ќе придонесат за демократија и нормално функционирање на земјата!

Алијанса за Албанците

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close