Сервисни информацииСостојба на патиштата

Сообраќајот умерен по суви коловизи

Сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е со умерен интензитет и се одвива по претежно суви коловози.

Скопје, 10 август 2020 (МИА) – Сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е со умерен интензитет и се одвива по претежно суви коловози.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На регионалниот патен правец Р2431 Штип – с.Аргулица – Плачковица (детско одморалиште), на делот од крак за село Прналија, 500 метри по аеродромот, кон викенд населбата (28050 километри), сообраќајот е во прекин поради оштетување на патот во должина од 50 метри. На самото место поставена е вертикална сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close