0_Македонија.ПорталОпштество

Сообраќајот по наместа влажни коловози, слаб снег провејува на граничен премин Делчево и во Делчево

Сообраќајот на државнита патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на граничен премин Делчево и во Делчево.

Скопје, 5 јануари 2020 (МИА) – Сообраќајот на државнита патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на граничен премин Делчево и во Делчево, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. вг/аа/

Back to top button
Close
Close