0_Македонија.ПорталОпштество

Сообраќајот надвор од градските средини со умерен интензитет

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Скопје, 12 септември 2020 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ. мч/сст/

 

Back to top button
Close
Close