0_Македонија.ПорталОпштество

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка, Крушево, Ѓавато и Пресека

Сообраќајот на патиштата се одвива тековно по наместа влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот има на Попова Шапка, Крушево и на планинските превои Ѓавато и Пресека, информираа од ЈП Македонија пат.

Скопје, 5 јануари 2020 (МИА) – Сообраќајот на патиштата се одвива тековно по наместа влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот има на Попова Шапка, Крушево и на планинските превои Ѓавато и Пресека, информираа од ЈП Македонија пат.

Намалена видливост поради магла до 150 метри има во Крушево. Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Мaкедонија пат, како што се посочува, постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. рп/

Back to top button
Close
Close