0_Македонија.ПорталПолитика

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на Република Северна Македонија на 72-ра седница донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

Владата донесе одлука да од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Согласно овие одлуки Владата донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на патниот правец Р1203 Тетово – Јажинце е нормализиран и се одвива за сите видови на возила. На местото каде што се излеа Габровска Река кај село Одри има стеснување на коловозот во должина од 100 метри каде во текот на денешниот ден ќе се продолжи со чистење на коритото на реката. На самото место има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/

 

 

Back to top button
Close
Close