Дописници МКДХроникаХроника.Портал

Сообраќајка кај Кадрифаково, повредени нема

Сообраќајна незгода кај селото Кадрифаково на делот на автопатот од Штип кон Миладиновци го стопираше сообраќајот.

Штип, 27 февруари 2020 (МИА) – Сообраќајна незгода кај селото Кадрифаково на делот на автопатот од Штип кон Миладиновци го стопираше сообраќајот.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА информира дека станува збор за сообраќајна незгода меѓу два автомобила, при незгодата причинета е материјална штета, а до овој момент нема пријави за повредени лица, кои биле во автомобилите.

Несреќата се случила околу 18.30 часот. Сообраќајот на овој дел на автопатот во правец од Штип кон Миладонвци кај селото Кадрифаково од 19.15 часот е во прекин и во тек е увид од страна на истражните органи на местото на несреќата. Сообраќајот се одвива по стариот регионален пат. Додека делот од автопатот од Миладиновци кон Штип се одвива без прекин.вдј/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close