Временска прогноза

Сончево со умерена облачност, во утрински и претпладневни часови по одделни котлини ќе има магла

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност. Во раните утрински и претпладневни часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност. Во раните утрински и претпладневни часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до 6, а дневната од 13 до 22 степени.

Во Скопје, наутро со појава на магла, која во текот на денот ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Во деновите од викендот ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на места поројни проследени со засилен јужен ветер. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во среда.

Back to top button
Close
Close