Временска прогноза

Сончево со умерена облачност

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната темпертура ќе се движи од девет до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната темпертура до 17 степени.

Од вторник повторно следува период на променливо облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег и на некои пониски места.

Back to top button
Close
Close