Временска прогноза

Сончево со слаб јужен ветер

Скопје, 6 септември 2020 (МИА) – Времето ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утрото ќе биде свежо и минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степен.

Во Скопје сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 32 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра, а дневната температура до средината на неделата ќе биде во пораст, а потоа нема многу да се менува.

Back to top button
Close
Close