Временска прогноза

Сончево со слаб до умерен северен ветер

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три степени, а дневната температура од 11 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура ќе достигне до 16 степени.

Во среда облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне.

Back to top button
Close
Close