Временска прогноза

Сончево со слаб до умерен северен ветер

Скопје, 16 јануари 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. По одделни котлините претпладне со појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до еден степен, а дневната температура од три до 13 степени. .

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до шест степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и вечерните часови. Утре ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе услови делумно намалување на маглата.

Back to top button
Close
Close