0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВременска прогноза

Сончево со мала локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Во следните денови, како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе продолжи периодот на претежно сончево и топло време со повремена мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. ки/сп/

Back to top button
Close
Close