
Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Времето во нашата држава во утринските часови е претежно облачно, во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во јужните делови ќе се задржи пооблачно. Ќе дува умерен североисточен ветер, особено во источните делови каде повремено ќе засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Скопје сончево со умерена, а попладне со мала облачност. Ќе дува умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 17 степени.