Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.

Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 24 степени.

До среда наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер. Од четврток температурите ќе бидат значително повисоки и ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови.

Back to top button
Close
Close