Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец..

Скопје, 1 ноември 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до 9, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. До среда дневните температури ќе бидат во благ пораст, а потоа ќе имаат тенденција на опаѓање.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close