0_Web_АктуелноСервисни информации

Сончево со мала до умерена облачност и повремен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има појава на локален дожд.

Скопје, 15 јули 2019 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има појава на локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 22 до 31 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 28 степени.

И во следните денови продолжува променливото и посвежо време. Најоблачно и најсвежо со повремен дожд ќе биде во вторник, кога во западните и јужните делови од земјава ќе има и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи.

Потоа дневната температура ќе биде во пораст, а кон крајот на неделата во попладневните часови повторно ќе има локални врнежи и грмежи. ац/са/

Back to top button
Close
Close