Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До среда ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Потоа во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот. Тогаш и дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.

Back to top button
Close
Close