Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

Скопје, 14 мај 2021 (МИА) – Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските региони со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во сабота под влијание на влажен бран ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд во поголем дел од земјава, на места и пообилни. Во недела и понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерен, на места засилен ветер претежно од западен правец.

Back to top button
Close
Close