Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

Скопје, 5 декември 2020 (МИА) – Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Во југоисточните делови ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а во недела засилен ветер од југоисточен правец. Во недела кон крајот на денот и во понеделник врнежите ќе бидат пообилни, а на места и поројни (над 35 л/м2). Во понеделник на планините врнежите ќе бидат од снег.

Back to top button
Close
Close