Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус осум, а дневната температура ќе се движи од осум до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен западен ветер.

Утринската температура до минус три степени, а дневната температура ќе достигне до девет степени.

Следува претежно стабилно и потопло време со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Back to top button
Close
Close