Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен, во западните делови западен, а вдолж Повардарието југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до седум степени, а дневната температура од 16 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен угоисточен ветер.

Утринската температура ќе  достигне до шест, а дневната температура до 23 степени.

Под влијание на влажен бран во вторник времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови кога на места ќе имаат пообилен карактер. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините да има и на некои повисоки места. Во среда ќе биде претежно суво, ќе дува засилен северен ветер што ќе услови пад на дневната температура. Од четврток следува период на сончево и топло време.

Back to top button
Close
Close