Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

Скопје, 12 септември   2020 (МИА) – Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 28 до 35 степени.

Во Скопје, претежно снчево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степени.

До среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Во четврток се очекува развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close