Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

Скопје, 23 август 2020 (МИА) – Времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степен. УВ=8

Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во понеделник во попладневните часови, како и во вторник на места ќе биде на нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Потоа повторно времето ќе биде стабилно и топло.

Back to top button
Close
Close