Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

Скопје, 29 мај 2021 (МИА) – Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб, вдолж Повардарието умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во недела ќе преовладува облачно време, во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе се задржат и во следните два дена. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата до средината на наредната седмица ќе биде во опаѓање.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close