Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

Скопје, 11 мај 2021 (МИА) – Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните нестабилно со локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер, особено во среда и во деновите од викендот.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close