Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

Скопје, 29 март 2020 (МИА) – Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната температура ќе се движи од два до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната темпратура до 11 степени.

За време на викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и топло време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер.

Back to top button
Close
Close