0_Web_АктуелноВременска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини во поголем дел од денот ќе биде магливо и студено со ниска облачност.

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини во поголем дел од денот ќе биде магливо и студено со ниска облачност.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а во местата со магла од -1 до 3 степени.

Во Скопје, умерено облачно и магливо. Кон крајот на денот и во текот на ноќта условите за магла ќе се зголемат. Максималната температура ќе достигне до 6 степени. бк/

 

Back to top button
Close
Close