Временска прогноза

Сончево, по одделни котлини со слаба магла

Скопје, 22 октомври 2020 (МИА) – Времето ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла. На места ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, претежно сончево, со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Back to top button
Close
Close