0_Web_АктуелноВременска прогноза

Сончево и топло со мала локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Скопје, 12 септември 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 9 до 18, а максималната од 28 до 35 степени.

Во Скопје и околината претежно сончево и топло, со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Во наредните денови до среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. В четврток се очекува развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. сп/мч/

Back to top button
Close
Close