Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Скопје, 7 мај 2021 (МИА) – Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Во сабота поради продор на постудена воздушна маса ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено и силен северен ветер што ќе предизвика во деновите од викендот намалување на температурата, особено во северните делови.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close