0_Web_АктуелноВременска прогнозаОпштество

Сончево и топло до четврток, за викендот облачно со повремен дожд 

До четврток ќе преовладува сончево и релативно топло време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од утре ќе бидат во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.   

Скопје,  2 март 2021 (МИА) – До четврток ќе преовладува сончево и релативно топло време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од утре ќе бидат во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд, а на планините од снег.

Во следните три дена минималните температури ќе бидат во интервал од минус пет до шест степени. Максималните температури, пак, ќе бидат во интервал од девет до 20 степени. Ќе дува и слаб до умерен ветер. мд/сп/ 

Таг
Back to top button
Close
Close