0_Web_АктуелноВременска прогноза

Сончево и топло до 25 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено попладне долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Скопје, 9 мај 2021 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено попладне долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 24 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер, а дневната температура ќе биде во пораст. Во среда претежно во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд и грмежи.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close