Временска прогноза

Сончево и многу топло, попладне со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи

Времето во земјава  ќе биде сончево  и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Скопје, 25 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава  ќе биде сончево  и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

Во следните денови ќе се задржи топло време со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Извесно опаѓање на температурата ќе има во недела и понеделник.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close