0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Сон се врати во Тотенхем по отслужувањето на воениот рок

Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин пристигна во базата на Тотенхем, соопшти прес-службата на лондонскиот клуб. Дваесет и седумгодишниот фудбалер претходно три недели беше подложен на воен тренинг во татковината Јужна Кореја.

Лондон, 20 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин пристигна во базата на Тотенхем, соопшти прес-службата на лондонскиот  клуб. Дваесет и седумгодишниот фудбалер претходно три недели беше подложен на воен тренинг во татковината Јужна Кореја.

– Погледнете кој се врати! – напишано е на официјалниот Твитер на Тотенхем.

Во сезоната 2019/20, Сон настапи на 32 натпревари за Спарс, постигна 16 гола и направи осум асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close