0_Спорт.ПорталФудбал

Сон Хунг Мин ќе пропушти 6-8 недели поради скршена рака

Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хунг Мин, се повреди во натпревар од 26-то коло од Премиер лигата против Астон Вила (3:2). На 27-годишниот напаѓач му беше дијагностицирана фрактура на десната рака. Тој ќе биде подложен на операција оваа недела.

Лондон, 18 февруари 2020 (МИА) – Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хунг Мин, се повреди во натпревар од 26-то коло од Премиер лигата против Астон Вила (3:2). На 27-годишниот напаѓач му беше дијагностицирана фрактура на десната рака. Тој ќе биде подложен на операција оваа недела.

Клубот на веб-страницата објави дека играчот ќе биде надвор од теренот неколку недели. Според „Атлетик“, закрепнувањето ќе трае шест до осум седмици.

Ова е голем хендикеп за Тотенхем со оглед на тоа што и Хари Кејн не е во составот на Мурињо поради повреда. Неговотo враќање нема да се случи порано од април.

Утре (19 февруари), Тотенхем ќе го одигра првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Лајпциг. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close