0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

Сомнителна пратка пристигнала во британската Амбасада во Скопје

Во британската Амбасада во Скопје вчера пристигнал сомнителен пакет, адресиран до вработен.

Скопје, 5 февруари 2020 (МИА) – Во британската Амбасада во Скопје вчера пристигнал сомнителен пакет, адресиран до вработен.

Како што соопшти МВР, вчера во 14.05 часот во Полициската станица за Надворешно физичко обезбедување – Скопје, од британската Амбасада било пријавено дека по пошта пристигнал сомнителен пакет, адресиран за вработен кој не очекувал никаква пратка.

При преземени мерки, полициски службеници од Единицата за откривање на експлозивни средства и направи утврдиле дека не станува збор за експлозивна направа, туку во пратката има бел коверт, во кој имало две епрувети, кои биле одземени и дадени на вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, додава МВР. нд/скс/

Back to top button
Close
Close