0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Солскjер по тирумфот над Норвич: Ове е тоа што го очекувам од мојот тим

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер беше презадоволен од изданието на неговиот тим на денешниот дуел со Норвич.

Манчестер, 11 јануари 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер беше презадоволен од изданието на неговиот тим на денешниот дуел со Норвич.

Јунајтед победи со убедливи 4:0.

– Јас сум многу задоволен. Го започнавме натпреварот како што треба. Ова е тоа што го очекувам од мојот тим. Во секој натпревар, мора да користите притисок и доминација. Второто полувреме од овој аспект беше многу добро, изјави Норвежанецот.

Рашфорд направи фантастична работа. Се бореше многу, играше добро и остана смирен. Сите покажавме дека можеме да отскокнеме и направивме неколку чекори напред, додаде Солскјер.

Манчестер јунајтед по 22.коло се наоѓа на 5. место со 34 бода. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close