0_Спорт.ПорталФудбал

Солскјер во одбрана на Де Хеа: Дејвид е најдобриот голман на светот, мило ми е што работам со него

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, му даде јавна поддршка на голманот на „црвените ѓаволи“, Давид Де Хеа, кој се соочи со критики поради неуспешните интервенции во натпреварот од 30. коло од англискиот шампионат против Тотенхем (1:1).

Манчестер, 23 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, му даде јавна поддршка на голманот на „црвените ѓаволи“, Давид Де Хеа, кој се соочи со критики поради неуспешните интервенции во натпреварот од 30. коло од англискиот шампионат против Тотенхем (1:1).

– Давид е најдобриот голман на светот. Тој прими само два гола на последните седум натпревари. Сè уште прави потези кои не спасуваат во дадени моменти. Ни помага да се надминеме. Покрај тоа, Де Хеа работи напорно на тренинзите и е силна личност во психолошка смисла. Среќен сум што работам со фудбалер како него, истакна Солскјер.

Де Хеа е во Манчестер јунајтед од 2011 година. Претходно бранеше за Атлетико Мадрид. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close