0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Солскјер со нетрпение ги очекува натпреварите со Рома

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, откако синоќа ја совлада Гранада во реванш четвртфиналето од Лига Европа (2:0), изјави дека со нетрпение ја очекува пресметката со Рома.

Манчестер, 16 април 2021 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, откако синоќа ја совлада Гранада во реванш четвртфиналето од Лига Европа (2:0), изјави дека со нетрпение ја очекува пресметката со Рома.

– Со нетрпение ја чекаме битката со Рома. Изгледа како вистинско европско полуфинале, бидејќи Рома исто така има многу богата историја. Претходно игравме добро со италијански клубови. Ќе се бориме да се пласираме во финалето. Би било одлично да ја завршиме сезоната со трофеј, изјави Солскјер.

Другата полуфинална двојка во второто по квалитет клупско европско натпреварување ја сочинуваат Виљареал и Арсенал. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close