0_Спорт.ПорталФудбал

Солскјер не гледа неопходност Јунајтед да купува напаѓач

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер не гледа нужна потреба клубот да купува нов напаѓач поради повредата на Маркус Рашфорд.

Манчестер, 20 јануари 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер не гледа нужна потреба клубот да купува нов напаѓач поради повредата на Маркус Рашфорд.

– Ние секогаш размислуваме за можноста за зајакнување на составот, а земајќи ја предвид повредата на Маркус, мора да го проучиме овој момент. Оваа сезона, многу наши важни играчи беа повредени. Ова не е многу добра ситуација во која се наоѓаме. Можеби ќе размислиме за краткорочни трансфери кои ќе ни помогнат да ја завршиме сезоната. Сепак, немаме очајна потреба да набавиме напаѓач. Имаме играчи кои сега едвај чекаат на својата шанса, истакна Солскјер.

Манчестер по 23 кола во Премиер лигата, има 34 бода од девет победи и седум нерешени натпревари со гол-разлика 36:27. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close